ВПЕРИЛ ПИШТОЛ НА ЖЕНА НА СПИЕЊЕ И ГО СОБРАЛ ЗЛАТОТО ОД КУЌАТА Разбојник од Дебреште оди во притвор
Разбојникот со смрт се заканил и на друга жена која го видела како ја ограбува куќата.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп нареди да се спроведе истражна постапка против 34-годишен жител на селото Дебреште, кој е осомничен за кривично дело – разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ОЈО Прилеп, тој на 16 август, во раните утрински часови, со намера да изврши кражба и се заканил на сопственичката на киуќата дека ќе ја убие и од куќата ги собрал златните предмети и парите што ги нашол.
– Тој најпрвин насилно ја отворил влезната врата од семејна куќа во Дебреште, влегол внатре и преку внатрешните скали се упатил на вториот кат. Со употреба на сила ја отворил вратата од спалната соба која била заклучена и во која спиела една жена. Од звукот на кршењето на вратата оштетената се разбудила, а осомничениот ѝ вперил пиштол со закана дека ќе ја убие ако не му го даде златото. Веднаш потоа тој започнал да пребарува низ собата и од наткасната одзел три златни прстени и една белезица, а од новчаникот кој стоел на наткасната одзел 1.100 денари и 20 швајцарски франци – велат од ОЈО Прилеп.
– Кога излегувал од куќата осомничениот бил пресретнат од друга оштетена која исто така била присутна и го слушнала дека влегол во куќата, но излегла надвор за да побара помош. Осомничениот и нејзе ѝ се заканил со пиштолот, а потоа избегал – информираат од прилепското обвинителство.
Судија на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.