ВОЗВИШЕНОТО ВОЗДИГНУВАЊЕ НА „ПОЗЛАТЕНОТО РАСПЕТИЕ“ Промоција на поетската збирка на Ивица Челиковиќ

Во „Позлатено распетие“, осма по ред поетска книга на авторот, се истражува важноста на возвишеното воздигнување, како стратегија за преживување во еден сè побанализиран и нехуман свет.

138

Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија, ДПМ, на 9-ти јуни 2022 година со почеток во 12:00 часот ќе се одржи промоција на збирката „Позлатено распетие“ од Ивица Челиковиќ.

Книгата ја издаде Агенцијата за иселеништво на РСМ. Промотор на книгата ќе биде проф.д-р Кристина Николовска, а стихови од збирката ќе интерпретира Лилјана Стоилковска-Андовска.






Во „Позлатено распетие“, осма по ред поетска книга на авторот, се истражува важноста на возвишеното воздигнување, како стратегија за преживување во еден сè побанализиран и нехуман свет. Возвишеното станува одбрана против индивидуалната и духовната неслобода во светот на надворешниот, материјален и социјален детерминизам. „Тој ист пат… без замислен крај“, со чувство на смиреност, и со помош на стиховите што даваат поттик да можеме да ја признаеме горечката сила во секој неочекуван изблик, затскриен зад нејасен зрак од неизгаснат пламен, и во секој мал знак на животот што се извишува над ехото на приземената и вонземна песна.

Поврзани содржини