(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЖЕНА ПРЕТЕПА БЕСПОМОШНО КУТРЕ ВО ПИРОТ „Снимај, немам ништо против“
Таа продолжила да го удира малото жолто куче дури и кога тоа престанало да квичи.
„Снимај, немам ништо против“, му рекла жена од Пирот во Србија на анонимниот снимател кој успеал да ја фати на камера како со метална шипка до смрт претепува кученце. Таа продолжила да го удира малото жолто куче дури и кога тоа престанало да квичи.
Жената била уаспена, а по сослушувањето пуштена. Против неа ќе биде поднесена пријава, велат од полицијата во градот.
Видеото предизвика бран реакции во Србија и во регионот.