(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЗАГИНА 25-ГОДИШЕН ПЕШАК ВО БУТЕЛ, НИ КРИВ НИ ДОЛЖЕН Во него удри автомобил кој претходно се судри со друг автомобил

МВР ја потврди несреќата и информира дека во таа несреќа животот го загубил 25-годишниот пешак.

10,231

Пешак загина синоќа на крстосницата во населба Бутел. Несреќата е снимена со безбедносни камери, а видеото го објави Алсат.

На снимката која ја објави Алсат се гледа како автомобил заобиколува друг автомобил кој стои на семафор и директно удира во автомобил кој доаѓа од спротивната страна.






Од силината на ударот автомобилот излетува на тротоарот и удира директно во пешакот.

МВР ја потврди несреќата и информира дека во таа несреќа животот го загубил 25-годишниот пешак.

„Во 23.25 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улица Словенечка во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко возило ‘мерцедес’ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото со скопски ознаки удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје. По несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ каде им подлегнал на повредите. Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и во Градската општа болница ‘8 Септември’. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, информираше МВР.

Поврзани содржини