(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СВЕШТЕНИК ИЗБОДЕН СО НОЖ ЗА ВРЕМЕ НА СЛУЖБА Камерите го снимија нападот во Сиднеј

Нападот се случил додека свештеникот водел богослужба, која била емитувана на интернет.

972

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во западниот дел на Сиднеј.

Нападот се случил додека свештеникот водел богослужба, која била емитувана на интернет.






На местото на настанот излегле неколку екипи на полицијата и итната помош.

Меѓу повредените има четворица мажи за кои се претпоставува дека се на возраст од 60, 50, 30 и 20 години. Меѓу ранетите е и бискупот.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот му приоѓа на бискупот и го прободува со нож, јавуваат австралиските медиуми. Снимката не е проверена, а полицијата не потврдила дека се случил овој инцидент.

Поврзани содржини