(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СЀ СЕ УРНА ЗА ДЕЛ ОД СЕКУНДА! Падот на натстрешницата фатен на надзорните камери

Српските медиуми претходно објавија дека повеќе од 30 лица се повредени при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.

997

Надзорните камери го снимиле моментот кога настрешницата паднала од Железничката станица во Нови Сад. Екипи на Брза помош и полиција се на терен, а според првичните информации најмалку едно лице починало, а има и други повредени.

Како што може да се забележи на снимката, голем број луѓе седеле на клупите кои се наоѓаат под неа, а луѓето во холот купувале карти. Од Брзата помош велат дека со сигурност не може да се зборува за бројот на повредени и загинати, бидејќи интервенцијата е во тек.






Српските медиуми претходно објавија дека повеќе од 30 лица се повредени при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.

– Повредени се над 30 луѓе, тоа е последната бројка што ја имаме, а можеби е поголема. Сè уште не знаеме дали има загинати, додека не бидеме сигурни дека не можеме да кажеме ништо. Телефоните ни ѕвонат постојано. Родителите се јавуваат да прашаат за децата….Ова е катастрофа. Се трудиме што побрзо и поефикасно да дојдеме до жртвите – јави српска Нова повикувајќи се на изјава на извор од Службата за итни случаи во Нови Сад.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dnevnik (@dnevnik.rs)

Поврзани содржини