ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Редовна рутинска контрола се претвори во пекол!
Додека припадниците на полицијата водеа информативен разговор со присутните во автомобилот, трет човек скокна од задното седиште и отвори оган врз полицајците.
Шерифот на округот Бревард во Америка објави видео снимка од заседа во која беше убиен еден маж.
Истражителите рекоа дека на 30 август, заменик-шерифот го запрел автомобилот за редовна контрола. Додека припадниците на полицијата водеа информативен разговор со присутните во автомобилот, трет човек скокна од задното седиште и отвори оган врз полицајците.
Шерифот на оваа област рече дека напаѓачот веќе имал „дебело“ досие во полиција.
Заменик шерифот бил застрелан во ногата и добил удар во главата со автоматската пушка.
Видеото објавено од канцеларијата на шерифот покажува хаотична сцена, а од оружјето на напаѓачот и заменикот се слушнале истрели.
Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко. Може да го погледнете ТУКА.