(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ОБЈАВЕНА ЛИКВИДАЦИЈАТА НА УБИЕЦОТ ВО НЕШВИЛ Полицијата влегла во училиштето и во вкрстен оган ја убиле Одри Хејл
Вчера нападот го изврши 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хејл, поранешна ученичка во училиштето, притоа убивајќи шест лица, меѓу кои три деца.
Полициската управа на Метро Нешвил објави снимка од камери на телото што ги носеле најмалку двајца полицајци. Камерите ги носеле Рекс Енгелберт и Мајкл Колазо, полицајците кои ја убиле жената што го изврши нападот во 10:27 часот.
На снимката се гледа како полицајци влегуваат во училиштето и го бараат напаѓачот. Постојано се огласува аларм за тревога.
Слушнале пукотници на вториот кат и се упатиле по скалите, покажува снимката. Полицајците се приближиле до звукот на пукањето, а Енгелберт, вооружен со автоматска пушка, го свртел аголот и пукал повеќе пати во едно лице во близина на голем прозорец.
Жената потоа паѓа на земја, по што друг службеник и пука четири пати со пиштол. „Престани да се движиш“, извикува додека напаѓачот лежи на земја.
Полицајците потоа и пријдоа на жената и го тргнаа пиштолот.
BREAKING: Nashville Police Department quickly release body cam footage of tactical unit response to active school shooter.
Outstanding discipline and dedication to protecting the innocent.
This Metro PD team was heroic.pic.twitter.com/l0UVRrkhno
— 𝐅𝐑𝐎𝐍𝐓𝐋𝐈𝐍𝐄⚡️𝐅𝐋𝐀𝐒𝐇 (@FrontlineFlash) March 28, 2023
Полицијата во Нешвил претходно објави видео на кое се гледа како напаѓачот влегува во училиштето. На снимката, која се чини дека е од надзорните камери во зградата, се гледа како Одри Хејл пука во влезната врата и потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.
Вчера три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД.
Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хејл, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот.
(ВИДЕО) ЖЕНАТА ОД НЕШВИЛ ПЛАНИРАЛА ПОВЕЌЕ НАПАДИ Одри била трансродова, напишала „манифест“