🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) МАСАКР КАЈ БАХМУТ Кадиров објави снимка од нападот на руските сили
На западната периферија на Клешејевка, Украинците претрпеа големи загуби. На нив професионално работеа пилоти на дронови од одредот „Варвари“ на легендарните специјалци „Ахмат“ - обајви чекенскиот лидер Рамзан Кадиров.
Руските вооружени сили постигнале значителен напредок во борбите во јужниот дел на Бахмут, особено во населбата Клешејевка. Според извештаите, северно од населбата руските војници ја окупирале железничката станица „Клешејевка“, што го потврдуваат и украински извори.
„Вооружените сили на Руската Федерација напредуваа во жестоки борби кон клучната височина каде што се наоѓа упориштето Клешеев. Напаѓачките групи на руската армија се позиционираа на периферијата, а поголемиот дел од самата Клешејевка сега се движи во „сивата зона“, додека непријателот ги повлекува своите сили под интензивен оган“- се наведува во извештајот на руските сили од фронтот
За напредувањето на руските сили кај Бахмут се огласи и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
– На западната периферија на Клешејевка, украинските нацисти претрпеа големи загуби. На нив професионално работеа пилоти на дронови од одредот „Варвари“ на легендарните специјалци „Ахмат“. Авијациското извидување го откри движењата на непријателот и навремено ги пренесе координатите – објави Кадиров на својот канал на Телеграм, со видео кое ги докажува неговите тврдења.
Рамзан Кадыров:
🇷🇺🇺🇦На западной окраине Клещеевки украинские нацисты понесли очередные потери. По ним профессионально отработали дроноводы из отряда «Варвар» легендарного спецназа «АХМАТ».
⠀
Аэроразведка выявила движение неприятеля и оперативно передала координаты ⬇️ https://t.co/IfU6G3nCzn pic.twitter.com/6bx68Fm3lE— Alisa_Vasilisa (@Alisa_Vasilisa_) November 16, 2023