ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Експлозијата во Истанбул снимена од надзорна камера
Полицијата попладнево ликвидирала жена во метрото, за која се соменва дека го носела ранецот со експлозивот.
Медиумите објавија вознемирувачка снимка од надзорна камера на која е снимен моментот на експлозијата на шеталиштето во Истанбул, Турција, која се случи денеска попладне.
Полицијата попладнево ликвидирала жена во метрото, за која се соменва дека го носела ранецот со експлозивот.
Досега се избројани 6 жртви и 53 повредени од експлозијата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сомнева дека станува збор за терористички напад.