🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) СЕ УРНАА ДВЕ ЗГРАДИ ВО ТРИПОЛИ, ЛИБИЈА Најмалку 13 мртви

Спасувачите и жителите досега извлекле 9 лица живи од урнатините, објави либанската државна новинска агенција.

143

Најмалку 13 лица загинаа, а седум други беа повредени кога две соседни згради се урнаа во либанскиот град Триполи во неделата, а уште луѓе се заробени под урнатините, изјави локален функционер.

Спасувачите и жителите досега извлекле 9 лица живи од урнатините, објави либанската државна новинска агенција.






Спасувачките екипи продолжуваат да копаат низ урнатините во потрага по уште луѓе за кои се верува дека се закопани под урнатините.

Десетици луѓе се собрале околу урнатините на зградата, што ја принудило либанската полиција да пука во воздух, пренесува АП.

Претходно, шефот на службата за цивилна заштита на Либан изјави дека 22 лица живееле во зградите пред да се урнат.

Поврзани содржини