📽 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) МАЛОЛЕТНИК ИЗБОДЕН ДО СМРТ ВО МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО НОВИ ПАЗАР Тројца повредени, двајца уапсени – полицијата трага по осомничени
Очевидци опишуваат дека ситуацијата била целосен хаос, а на местото на инцидентот бргу реагирале екипи на Брза помош и полиција. Едно лице било приведено веднаш, додека полицијата продолжува со идентификација и потрага по другите инволвирани. Неофицијално, се претпоставува дека конфликтот произлегува од претходни нерасчистени пресметки меѓу локални групи.
Масовна тепачка избувна синоќа во центарот на Нови Пазар, Србија, при што најмалку четворица биле повредени со убодни рани од нож. Еден од нив, малолетник, подоцна им подлегнал на повредите во болница.
Ситуацијата била крајно хаотична, сведочат очевидци, а на местото на настанот бргу пристигнале екипи на Брзата помош и полицијата. Едно лице било уапсено на самото место, а полицијата продолжува со идентификација и со потрага по останатите учесници во пресметката. Според неофицијални информации, постои сомнеж дека станува збор за нерасчистен конфликт меѓу локални групи, објави Мондо.
Неколку часа подоцна, еден од повредените, малолетник роден во 2008 година, им подлегнал на повредите во болницата во Нови Пазар. Тој бил во критична состојба, префрлен на одделението за интензивна нега, каде што лекарите со часови се бореле за неговиот живот, но безуспешно, извести Мондо.
Освен починатиот, повредени се уште тројца малолетници, кои, исто така, се здобиле со убодни рани, но се наоѓаат надвор од животна опасност.
Полицијата приведе двајца осомничени малолетници, додека потрагата по уште двајца учесници сè уште трае. Истрагата е во тек и засега не се соопштени официјални детали за мотивите на тепачката.
На интернет се појави вознемирувачка снимка од крвавата тепачка, која можете да ја погледнете ТУКА.