📷 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ХАОС И КРВ НА ЛЕТ ОД ЗАГРЕБ ЗА МАЛМЕ Двајца мажи се степале во авионот, паѓале врз луѓе, деца врискале
Летот за Малме се претворил во хорор-сцена, двајца мажи се тепале до крв, предизвикувајќи паника кај патниците. Патничка вели дека никогаш нема да го заборави лицето, облеано во крв, на еден од учесниците во тепачката.
На летот на авиокомпанијата Рајанер од Загреб кон Малме, Шведска, се случила вистинска драма непосредно пред слетувањето. Дошло до жестока пресметка меѓу двајца мажи кои, како што се наведува, „се тепале до пролевање крв“, објави шведскиот портал Афтонбладет, пренесе Мондо.
– Непосредно пред да слетаме, се изгасија светлата. Одеднаш, двајца мажи почнаа жестоко да се тепаат. Паѓаа врз другите патници додека се удираа – изјавила една патничка за шведските медиуми.
Во кабината настанал целосен хаос.
– Имаше многу деца и жени кои плачеа. Луѓето панично трчаа кон задниот дел на авионот за да се засолнат. Имаше крв насекаде – рекла таа.
Една патничка опишала дека лицето пред неа било целосно покриено со крв.
– Беше застрашувачки. Тепачката се случуваше веднаш до мене и до мајка ми. Сè уште се тресам – рекла таа.
По слетувањето, обезбедувањето веднаш влегло во авионот за да ги совлада насилните патници.
– Имавме помала полициска интервенција на аеродромот во Малме во текот на вечерта. Настанот не влијаеше врз работата на аеродромот. Бидејќи станува збор за полициски случај, ве молиме обратете се до полицијата за повеќе информации – изјавил шефот на комуникации во шведската државна компанија што управува со аеродромите, Давид Карлсон.
Двајцата учесници во инцидентот се шведски државјани, а еден од нив добил кривична пријава за напад.
Är det något nytt att vuxna svenska män slåss i flygplan? @Aftonbladet
Blodigt bråk på Ryanair-flyg i Malmö https://t.co/IyfGeZpP6j— Pär Boström (@masen56) July 23, 2025