📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) „БЕВ ПОТРУПАН СО ЛУЃЕ, НЕ ЗНАЕВ ДАЛИ СЕ ЖИВИ“ Јорданчо од Кочани раскажува за хоророт кој го преживеал во дискотеката „Пулс“

Во разговор за „Суппорт Кочани“, Јорданчо ја опишува кобната ноќ на 16 март како нешто што никогаш нема да го заборави. Во моментот кога избувнал пожарот, се наоѓал на најоддалечената точка од вратата и шансите за бегство му биле речиси никакви.

1,234

Јорданчо Ефтимов од Кочани е еден од малкутемина кои успеаја да ја преживеат трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 61 лице. Тој претрпел изгореници на лицето и рацете, но вели дека спасот го нашол под мртвите тела – и токму тоа му го спасило животот.

Во разговор за „Суппорт Кочани“, Јорданчо ја опишува кобната ноќ на 16 март како нешто што никогаш нема да го заборави. Во моментот кога избувнал пожарот, се наоѓал на најоддалечената точка од вратата и шансите за бегство му биле речиси никакви.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

– Температурата внатре беше како во фурна за леб. Изгорениците не ми се од пламенот, туку од жештината. Се спасив бидејќи лежев на подот и бев затрупан со луѓе – не зборуваа, не се движеа… не знам дали беа живи – вели тој.

На неговото лице има помалку изгореници токму затоа што било прекриено со тела. Рацете, кои биле изложени, настрадале повеќе. Едната рака (левата) веќе му е функционална, додека пак на десната и треба време за да закрепне. Но најстрашниот момент, како што вели, бил кога почнал да се освестува и сфатил дека телата околу него не реагираат.

– Кога ја извадив раката, само видов како се растргнуваат луѓето над мене… и некој ми подаде рака да станам. Тогаш сфатив дека сум жив – раскажува Јорданчо, кој сѐ уште се соочува со физичките и психолошките последици од трагедијата.

Поврзани содржини