📽 ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ ОД ГАЗА Израел нападна училиште, има 36 мртви, меѓу нив деца
Според некои извори, во неделата уште 38 лица загинале во други израелски воздушни напади. Министерството за здравство во Газа информира дека од март, кога Израел го прекина примирјето, животот го загубиле 3.785 луѓе.
Израелските сили бомбардираа училиште, претворено во засолниште во градот Газа, предизвикувајќи пожар и убивајќи најмалку 36 Палестинци, меѓу кои и неколку деца, соопштија локалните власти, објави Ал Џезира.
На објавени видеа на социјалните мрежи, се гледаат тела со тешки изгореници и други потресни снимки од местото на нападот.
Израелската армија засега нема коментар.
Според некои извори, во неделата уште 38 лица загинале во други израелски воздушни напади. Министерството за здравство во Газа информира дека од март, кога Израел го прекина примирјето, животот го загубиле 3.785 луѓе.
Хамас и понатаму држи 58 заложници и, според нивните изјави, ќе ги ослободи само во случај на траен прекин на огнот и на целосно повлекување на израелските сили од Појасот Газа.
Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека ги засилува своите воени операции во регионот.
Воените судири започнаа на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изврши напад врз израелски населби, при што беа убиени околу 1.200 луѓе.
Од почетокот на израелската офанзива, па досега, според здравствените власти во Газа, загинале над 53.000 луѓе – најголем дел од нив цивили.