ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА 45-годишен скопјанец уапсен поради закани кон лекар
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата приведе 45-годишен жител на Скопје поради упатени закани кон лекар во приватна болница на подрачјето на Карпош.
Како што соопшти МВР, осомничениот З.К. бил лишен од слобода вчера околу 11:20 часот од страна на полициските службеници на СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил на 19 март околу 09:30 часот, кога осомничениот наводно му упатувал закани на лекарот во болницата.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.