ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ДЕТАЛИ ОД ВЧЕРАШНОТО УБИСТВО ВО КУМАНОВО Осмогодишното синче било заклучено во соба додека таткото ги убивал мајка му и баба му
Детето е згрижено кај роднини од страна на фамилијата на неговата мајка, додека неговиот постар брат, на возраст од 13 години е надвор од земјата.
Вознемирувачки детали за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Куманово. Осумгодишно дете на убиецот од Куманово било сведок на настанот. Било заклучено во соба и викало за помош додека таткото ја убивал неговата мајка, неговата баба па потоа си го одзел и сопствениот живот.
Детето е згрижено кај роднини од страна на фамилијата на неговата мајка, додека неговиот постар брат, на возраст од 13 години е надвор од земјата.
– Убиецот бил добро познат кај полицијата и судот. Два пати бил осудуван со условна казна затвор поради семејно насилство. Повеќе од 10 години датираат пријавите на двете негови жртви кои со години трпеле насилство. Во периодот од 2013 до 2023 година, од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово има поднесено 5 кривични пријави против Д.Ј. по член 130 ст. 2 од КЗ на РСМ, сите извршени врз лицето Е.А – велат од кумановската полиција.
Но, се до трагичниот настан вчера, напаѓачот ниту еднаш не бил осуден со активна, ефективна затворска казна.