Вознемирувачка снимка од несреќата кај Свети Николе, повредени се 4 лица (ВИДЕО)

На платформата „Јутуб“ беше објавено видео од несреќата, а на кое може да се забележи автомобил кој се движи на средината на коловозот, а на моменти и сосема вози на спротивната лента.

3,638

На патот Свети Николе кон Куманово вчера се случи тешка сообраќајна несреќа.

На платформата „Јутуб“ беше објавено видео од несреќата, а на кое може да се забележи автомобил кој се движи на средината на коловозот, а на моменти и сосема вози на спротивната лента.






Погледнете го моментот кога од спротивниот правец доаѓа друг автомобил и тие се судираат на патот.

Во билтенот на Министерството за внатрешни работи стои дека на 19.07.2020 околу 15.00 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с.Скачковце, кумановско, и патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово. По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Поврзани содржини