ВОЗНЕМИРУВАЧКА Е ОМРАЗАТА КОН АЛБАНСКИТЕ ЛИДЕРИ Како ДУИ го правда Ахмети за „непријателските“ изјави

Македонските граѓани во контактните емисии на македонските телевизии користат етикети како „Бугар Османи“, „Артан Груби терористот“, навреди кон самиот Али Ахмети и другите – укажува ДУИ.

431

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не спомна непријателски медиуми, туку агресивни непријателски тонови од страна на граѓаните, поттикнати од политичките партии во контактните емисии на овие телевизии – се јави со објаснување ДУИ по реакциите на изјавата на Ахмети во која тој ги нарече Телма и Алфа „непријателски“ медиуми.

На синоќешниот собир со граѓаните во Гостивар, претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети зборуваше за недостигот на ангажман од страна на македонските политички партии со граѓаните во контекст на односите со Албанците, затоа што е вознемирувачка омразата кон албанските лидери на државните институции, која се прикажува од македонските граѓани во контактните емисии на македонските телевизии со етикети како „Бугар Османи“, „Артан Груби терористот“, навреди кон самиот Али Ахмети и другите. Тоа е последица на неработењето на македонските политички партии со граѓаните и намерното продлабочување на поделбите помеѓу народот.






Али Ахмети и ДУИ се сојузници на медиумите, граѓанското општество и слободата на говорот, а тоа го имаме докажано во изминатите 22 години во нашето секојдневно дејствување.

На изјавата на Ахмети реагираа ЗНМ, АВМУ и ССНМ со оценка дека таквото посочување непријатели е опасно за медиумите, новинарите зашто поттикнува насилство и цензура.

Поврзани содржини