ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО ХОСТЕЛ ВО СКОПЈЕ Турчин се самозадоволувал пред девојки и им се заканил со нож
Турски државјанин заврши во полициска станица откако бил пријавен дека извршил вознемирување врз две девојки во хостел во Скопје, со закани и опасен предмет во рака.
57-годишен државјанин на Република Турција бил приведен од страна на полициски службеници откако се самозадоволувал пред две млади девојки, а потоа им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Инцидентот се случил на вчера околу 19:15 часот во хостел лоциран во Центар, Скопје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, две 24-годишни девојки од Турција пријавиле дека биле вознемирени од мажот кој се самозадоволувал во нивно присуство. Ситуацијата ескалирала кога тој започнал да им се заканува и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Полицијата веднаш постапила по пријавата и во 19:50 часот го привела осомничениот С.Н. (57). При преглед кај него бил пронајден остриот предмет, а мажот бил задржан во полициска станица.
„Случајот е целосно документиран и против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Скопје.