Возило удри во малолетник, со тешки повреди е пренесен на клиника

277

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“ и ул.„362“ во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.






Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од полицијата.

Поврзани содржини