ВОЗИЛО СЕ ПРЕВРТЕ НА КРОВ ВО АВТОКОМАНДА Отежнат е влезот во градот

Според информации од очевидци, отежнат е влезот во градот, а сообраќајот се пренасочува по споредните улици кон населбата Керамидница и „Ист Гејт“.

663

Тешка сообраќајна незгода се случи попладнево на булеварот Александар Македонски во скопската населба Автокоманда, на самиот влез во Скопје.

Според информации од очевидци, отежнат е влезот во градот, а сообраќајот се пренасочува по споредните улици кон населбата Керамидница и „Ист Гејт“.






Три лица се повредени во сообраќајна нсреќа во која учествувале три патнички возила.

„На бул Александар Македонски во Скопје случена е сообраќајна незгода во која учествувале три возила од која незгода има три повредени лица. Дел од повредените се префрлени во болница“, информираат за МИА од МВР.

Во моментот во тек е увид.

Поврзани содржини