ВОЗИЛО ПАДНАЛО ВО ИСКОП ДЛАБОК 3 МЕТРИ Возачот е повреден
На местото биле забележани траги од кочење, а според очевидци, при падот автомобилот удрил во еден од сообраќајните знаци.
Автомобил паднал во ископ длабок три метри на магистралниот пат на влезот во Кочани кај Подлошка крстосница. Возилото е оштетено, а возачот се здобил со повреди на главата.
На местото биле забележани траги од кочење, а според очевидци, при падот автомобилот удрил во еден од сообраќајните знаци.
Полицајци од Кочани направиле увид на местото на настанот.