Возилата со странски таблички ќе се регистрираат со 50 отсто намалени давачки

335

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, напиша на својот фејсбук профил вечерва премиерот Зоран Заев.






Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, појаснува тој, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

„Со ова, законски создадовме можност за регистрација на возилата кои се со странски таблички, со цел регистрацијата да биде дома, а средства да одат за патишта, за општините, како и за важни фондови за државата“, објави Заев на својот фејсбук профил.

Поврзани содржини