Возете по алтернативни рути за влез во Скопје, се реконструира булеварот Александар Македонски
Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров.
Градот Скопје апелира граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.
Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров.
Градот обновува и гради повеќе улици, се пробива улицата Есенинова, а се реконструираат улиците Македонско – косовска бригада, Лазар Личеноски, Џон Кенеди, Боца Иванова, Благоја Стефковски и Востаничка, како и булеварот Видое Смилевски Бато.