ВОЗЕЛЕ МОРТУС ПИЈАНИ Приведени се три лица во Тетово и во Гостивар

166

Ноќеска полицијата уапсила три лица од Тетово и Гостивар поради возење во алкохолизирана состојба.

„На 07.06.2025 во 02.56 часот, во 01.27 часот и во 02.10 часот во Тетово и Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај  Тетово и од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Б. (38) од Тетово, Б.Д. (23) од Гостивар и М.И. (25) од Гостивар. При сообраќајна контрола на улица Благоја Тоска во Тетово во 02.56 часот и по преземени мерки и активности, полициски службеници  констатирале дека Ш.Б. управува патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта.






Во 01.27 часот на булевар Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници констатирале дека Б.Д.(23) од Гостивар управува патничко моторно возило „рено“ со гостиварски регистарски со 1.70 промили алкохол во крвта. Додека во 02.10 часот на булевар Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар констатирале дека М.И.(25) од Гостивар управува патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со 2.17 промили алкохол во крвта“, се наведува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени пријави по член 297 – а од Кривичниот законик –  „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани содржини