ВОЗЕЛ УКРАДЕНО ВОЗИЛО ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА Уапсен млад беровчанец кој ѝ бегал на полицијата

25-годишник од Берово е уапсен откако возел украден автомобил со 1,96 промили алкохол и без возачка дозвола. Полицијата најави кривична пријава.

246

Дваесет и петгодишен жител на Берово бил уапсен ноќеска откако бил фатен како управува претходно украдено возило, пијан и без возачка дозвола.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 01:15 часот на улицата Индустриска во Берово, кога полициски службеници се обиделе да го запрат возилото што го управувал Е.Џ. (25).






Наместо да застане, возачот се дал во бегство, но по преземени мерки бил сопрeн и лишен од слобода.

При проверката било утврдено дека автомобилот што го управувал бил претходно противправно одземено на подрачјето на Берово. Дополнително, алкотестирањето покажало 1,96 промили алкохол во крвта.

Полицијата констатирала и дека младиот возач немал важечка возачка дозвола.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини