ВОЗЕЛ ПИЈАН И ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Млад охриѓанец завршил со тешки повреди, имал 1,61 промили во крвта

22-годишен возач од Охрид со тешки повреди по излетување од пат, полицијата утврдила високо ниво на алкохол во крвта.

0

22-годишен охриѓанец заврши со тешки телесни повреди по сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на улицата 7 Ноември во Охрид, откако изгубил контрола врз возилото и излетал од коловозот.

Според информациите, несреќата се случила околу 05:25 часот, кога патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски таблички, управувано од И.Р. (22), излетало од патот под засега непознати околности.






Повредениот возач бил веднаш пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

При направени проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, со измерени 1,61 промили во крвта во моментот на несреќата.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа по насока на јавен обвинител.

Поврзани содржини