Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди кој игра за Леванте, вчера во Валенсија бил осомничен од шпанската полиција дека возел со фалсификувана возачка дозвола.
Локалните весници, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека при рутинска контрола откако полицаецот извршил проверка на возачката со ув ламба, на Барди му била одземена возачката,
Фудбалерот преку социјалните мрежи се огласи за настанот, уверувајќи дека дозволата што ја покажал е валидна и е издадена во Македонија.
Истрагата треба да утврди дали возачката е фалсификуванае.