ВОЗЕЊЕ ПИЈАН ВО ГРЦИЈА МОЖЕ ДА ВЕ ЧИНИ ДО 10 ГОДИНИ ЗАТВОР?! Еве што предвидуваат новите драконски казни

Ако сте со повеќе од 1,10 промили алкохол во крвта според новиот закон ви следува 1.200 евра казна, 180 дена без возачка дозвола, одземање на возилото и забрана за полагање и до 5 години. Но, ако го повторите ова дело, може да следи затвор до 10 години.

433

Грчкиот парламент изгласа нов Закон за сообраќај кој драстично ги зголемува казните, од мобилен во рака до алкохол зад волан, секој прекршок сега чини многу поскапо. Властите велат дека не се работи за репресија, туку за спасување животи.

Користење мобилен телефон додека возите ќе ве чини 350 евра и одземање на дозволата на еден месец. Повторен прекршок, 1.000 евра и 6 месеци без дозвола. Трет пат, 2.000 евра и едногодишна забрана за возење. Ако предизвикате несреќа, казната може да порасне до 4.000 евра.






Слично е и со другите прекршоци:

Брзо возење, неносење појас или кацига, исто така скапо ќе ве чини.

Прескокнување „Стоп“, црвено светло или попречување на железнички премин, до 1.200 евра и одземање дозвола со години.

Најстрого се санкционира возење под дејство на алкохол.

Ако сте со повеќе од 1,10 промили во крвта:

1.200 евра казна

180 дена без возачка дозвола

Одземање на возилото

Забрана за полагање и до 5 години

Повторен прекршок, конкретно, ако лицето се фати со концентрација над 1,10 промили по првиот прекршок, може да следи затвор до 10 години.

Министерот за транспорт на Грција појасни дека законот не сака да казнува, туку да воспита. Целта, според него, е култура на одговорно возење и помалку жртви на патиштата.

Поврзани содржини