ВОЗЕЊЕ И АЛКОХОЛ Колку долго треба да чекате по консумирањето и да седнете зад волан?
Дејството на алкохолот врз човекот зависи од многу фактори - пол, метаболизам, телесна тежина, вид на алкохол кој се внесува во организмот, стрес на кој сте изложени...
Консумирањето алкохолни пијалаци ќе ги одврати повеќето луѓе од возење, но се поставува прашањето колку долго алкохолот ќе остане во нашето тело, односно кога нема да пречи во возењето и безбедноста.
Голем број на возачи веруваат дека се способни да возат кратко време откако ќе испијат алкохолен пијалак, но секако тоа не е точно, со оглед на тоа што алкохолот се задржува во нашиот организам одреден временски период, а прекумерната самодоверба во овој случај може да предизвика бројни, понекогаш фатални, несреќи, последици.
Според податоците, во Велика Британија во периодот од 5 до 11 часот, четвртина од возачите запрени поради возење во пијана состојба се казнети (во Велика Британија возењето под дејство е над 0,8 промили, а кај нас 0,5), што вели дека алкохолот ни останува одредено време во организмот и поради тоа возачите не се подготвени да учествуваат во сообраќајот.
Дејството на алкохолот врз човекот зависи од многу фактори – пол, метаболизам, телесна тежина, вид на алкохол кој се внесува во организмот, стрес на кој сте изложени…
„Road Respect“, британска организација за безбедност на патиштата, направи студија која го следеше консумирањето алкохол и способноста да се вози под негово влијание. Според податоците добиени од гореспоменатата анализа, издадена е информација која кажува колку долго се задржува алкохолниот пијалак во организмот, и соодветно на тоа колку треба да се воздржи од возење.
Чаша вино (во просек содржи помеѓу 11 и 14 проценти алкохол)
Еден пијалак – 3,5 часа
Две пијалaка – 7 часа
Три пијалаци – 10,5 часа
Четири пијалаци – 14 часот
Пет пијалаци – 17,5 часа
Чаша жесток алкохол (во просек содржи 40 проценти алкохол)
Еден пијалак – 1,5 часа
Две пијалака – 3 часа
Три пијалаци – 4,5 часа
Четири пијалаци – 6 часа
Пет пијалаци – 7,5 часа
Пиво (во просек содржи 5 проценти алкохол)
Еден пијалак – 2,5 часа
Две пијалака – 5 часа
Три пијалаци – 7,5 часа
Четири пијалаци – 10 часа
Пет пијалаци – 12,5 часа