ВОЗАЧИТЕ БЕСНЕАТ НА УЛИЦИТЕ Едно дете е пренесено во болница
Едно дете и еден возрасен скопјанец се префрлени со повреди во болница откако биле удрени од автомобили.
Малолетен пешак е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило „ауди“, соопшти полицијата.
Несреќата се случила вчера на улицата „3“ во скопското село Трубарево, а била пријавена попладнето околу 18.00 часот.
Аудито“ имало скопски регистарски ознаки и го управувал скопјанецот С.Ј. (28).
Според МВР, малолетникот е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му се констатирани повредите.
Уште една сообраќајна несреќа се случила и на булевар Трета македонска бригада во Скопје.
„Ѓ.Д. (36) од Скопје е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило „БМВ”. Несреќата се случила вчера, на крстосница од булевар Трета македонска бригада. Ѓ.Д. е пренесен во Градската општа болница „Осми септември” каде му се констатирани повредите, а увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје“, информираше МВР.