ВОЗАЧИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ, ЌЕ ИМА ВИСОКИ КАЗНИ! Полицијата ги откри правилата за зимска опрема кои не смеете да ги игнорирате

Препорачуваме сите возачи да се придржуваат кон овие обврски за да се обезбеди безбедност во сообраќајот, велат од МВР.

1,067

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и неговите измени, од 15 ноември до 15 март, сите возила кои учествуваат во јавен сообраќај мора да поседуваат зимска опрема.

„Согласно прописите, зимската опрема за возилата е задолжителна за безбедно учество во сообраќајот. Оваа обврска се однесува на сите моторни возила кои ќе бидат користени на патиштата во периодот од 15 ноември до 15 март. За оваа цел, возачите треба да имаат зимски пневматици со минимална длабочина на шарите, како и други соодветни помагала за погонските тркала ако се потребни“, информираат од полицијата.






Во зависност од типот на возилото, пропишаните услови за зимска опрема се различни:

– За возила кои не надминуваат 3.500 кг, задолжителни се зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите од 4 мм.

– За возила со погон на четири тркала (4×4), зимските пневматици треба да имаат длабочина на шарите од најмалку 6 мм.

– За товарни возила над 3.500 кг, зимските пневматици се задолжителни на погонските тркала, со минимална длабочина на шарите од 6 мм.

Возачите кои не ги исполнуваат овие услови ќе се соочат со казни, а полицијата ќе продолжи со контрола на патиштата во текот на зимскиот период.

„Препорачуваме сите возачи да се придржуваат кон овие обврски за да се обезбеди безбедност во сообраќајот“, додаваат од МВР.

Важно: Пневматиците со клинци се забранети, а зимските пневматици треба да имаат ознака MS, M+S или M & S, и знак на снегулка на стилизирана планина.

За дополнителни информации и поддршка, граѓаните можат да се обратат до Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини