Возач загина на патот Крушеани – Обршани

Според МВР, возилот со кое управувал излетало од патот.

338

Шеесет и седумгодишен маж загина откако со своето „југо“ изледтал од патот Крушеани – Обршани, општина Кривогаштани.

МВР соопшти дека станува збор за Д.К. од селото Бела Црква.






„Несреќата се случила на место викано „Бревче“ кога  патничко возило „југо“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(67) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, излетало од патот. Притоа, возачот починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Поврзани содржини