ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ДЕТЕ ВО ЧАИР И ИЗБЕГАЛ Полицијата го пронајде и го приведе
65-годишник со „голф“ удрил во дете пешак на крстосница кај „Џон Кенеди“, детето со тешки повреди е на интензивна нега.
Еден возач е приведен откако попладнево во скопската населба Чаир со автомобил удрил во дете пешак и побегнал од местото на несреќата, соопшти полицијата.
Според информациите од СВР Скопје, околу 14:50 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Џон Кенеди“, „Максут Садик“ и „Македонска бригада“, патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблички удрило во дете. По ударот, возачот го оставил автомобилот и се оддалечил.
Полициски екипи веднаш излегле на терен и, по преземени оперативно-тактички мерки, во близина го пронашле и привеле С.И. (65). Против него се постапува за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик.
Повреденото дете, поради сериозноста на повредите, со возило на Итната медицинска помош е пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му се констатирани тешки телесни повреди и е задржано на интензивна нега.
По целосно документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.