ВОЗАЧ ПРЕТЕПАН ОД „ЛАЖНИ ПОЛИЦАЈЦИ“ Нападнат 26-годишен маж додека возел во Скопје
Од МВР потврдуваат дека веднаш се преземени мерки за целосно расчистување на случајот.
26-годишник од Крива Паланка пријавил дека бил претепан и заплашуван од тројца мажи кои се претставиле како полициски службеници.
Според пријавата доставена вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 26-годишниот К.М. од Крива Паланка изјавил дека инцидентот се случил истиот ден околу 15:30 часот, додека се движел со неговото патничко возило на подрачјето на Центар.
– Лицето било пресретнато од три непознати мажи кои му се претставиле како полициски службеници. Едниот од нив физички го нападнал, додека истовремено му биле упатувани сериозни вербални закани – велат од полицијата
Од МВР потврдуваат дека веднаш се преземени мерки за целосно расчистување на случајот.