ВОЗАЧ ОД ГОСТИВАРСКО ЗДУЊЕ СО „ПАСАТ“ УДРИЛ ВО МАЛОЛЕТНИК Пешакот завршил на ургентно

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар.

133

Страшна несреќа вчера го потресе село Врапчиште кога возач со автомобил „фолксваген пасат“ удрил во малолетен пешак, а малолетникот завршил во Ургентниот центар Гостивар со тешки телесни повреди.

„На 09 октомври 2024 година, во 08.20 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани содржини