Ноќеска 40 минути по полноќ било пријавено дека на пругата Гевгелија-Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа во која учествувал товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница.
Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци.
Другите шест мигранти биле предадени на полициски службеници од РЦ ГР Југ за понатамошна постапка.