Воз кај Рашка во Србија удрил во карпа и излетал од шините, а се возел само еден патник (ВИДЕО)

Во моментот на несреќата, утринава околу 4 часот, на делот од пругата Брвеник – Рашка, во возот бил еден патник и кондуктер кои не се повредени.

345

Машиновозач на патничкиот воз на релација Краљево – Рашка е полесно повреден утринава откакопо удар во карпа предниот дел од возот се лизнал од колосекот – соопштуваат од Инфраструктурната железничка на Србија – пренесуваат српските медиуми.

Во моментот на несреќата, утринава околу 4 часот, на делот од пругата Брвеник – Рашка, во возот бил еден патник и кондуктер кои не се повредени.






Според информациите од терен, карпа од околу пет кубни метри паднала од блискиот рид на патеката, а железничкиот сообраќај на тој дел од железницата во моментот е во прекин.

Помошен воз од „Инфраструктура на српските железници“ тргна на местото на несреќата, со цел што поскоро да се расчисти железничката пруга и да се создадат услови за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај, се додава во соопштението.

Поврзани содржини