ВОВЕДУВАМЕ ПАМЕТЕН ЗЕЛЕН БРАН КОЈ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ ЌЕ ГО РЕГУЛИРА ПРОТОКОТ Град Скопје презема клучна улога во Сејф Сити системот

Ова е суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град. Наместо застарениот концепт на зелен бран од минатото, воведуваме паметен зелен бран - модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје, соопшти Град Скопје во врска со средбата на градочалникот Ѓорѓиевски со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

194

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одржа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјално пуштање во функција на Сејф Сити системот.

Притоа беше истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна и активна улога во имплементацијата на овој современ систем, со цел воспоставување ред, дисциплина и значително повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот.






Со воведувањето на Сејф Сити, Скопје започнува суштинска реформа во начинот на управување со сообраќајот, заменувајќи ги застарените модели со паметни, адаптивни и технолошки напредни решенија кои во реално време ќе го регулираат протокот на возила, ќе ги намалат гужвите и ќе овозможат побезбедно и поефикасно движење низ градот.

Во прилог објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјални мрежи:

„Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот

Денес одржавме значаен координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и со експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот.

Градот Скопје ќе има силна и активна улога во неговата имплементација, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Ова е суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град. Наместо застарениот концепт на зелен бран од минатото, воведуваме паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје.

Во наредниот период, Советот на град Скопје ќе донесе низа важни одлуки поврзани со дистрибуцијата, особено во централното градско подрачје.
Овие мерки ќе донесат значително олеснување на сообраќајниот метеж, подобра организација и поголем комфор за граѓаните.

Дополнително, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор.

Контролата, превенцијата и брзата реакција ќе станат стандард.

Ова ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин. Скопје чекори кон модерен европски град со паметни решенија, јасни правила и одговорен сообраќај“.

 

Поврзани содржини