„Вовед во анатомија“ и другите серии ја донираат опремата за потребите на болниците поради коронавирусот ФОТО

869

Во овие тешки времиња додека трае пандемијата и целиот свет е во изолација заради вирусот корона, добрите вести се и повеќе од добредојдени. Сериите како „Вовед во анатомија“ и „Специјализант“ го донираа целиот вишок медицинска опрема во локалните болници.

Опремата од сетот на серијата „Специјализант“ е донирана во локалната болница во Атланта. Ревматологот Карен Лоу објавила фотографија од донацијата на социјалните мрежи.






Медиумската куќа Еј-би-си истакна дека серијата „Станица 19“ ги донирала сите свои маски Н95 на локална противпожарна станица. Тие на сетот на серијата имале околу 300 маски и со среќа им ги проследиле на професионалците на кои им се попотребни.

Од сетот на „Вовед во анатомија“, била донирана голема количина на заштитна опрема, вклучително и раквици и заштитни одела и маски, пренесуваат странски медиуми. Сериите „Нов Амстердам“ и „Добар доктор“ исто така донираа медицински материјал во локалните болници.

Здравствените работници ширум Америка не беа подготвени за големиот број заразени, поради што имаат проблем со недостаток на лична заштитна опрема.

 

Uvod u anatomiju i druge serije doniraju opremu sa snimanja...

 

Поврзани содржини