Нов случај на заразен од ковид кај една од вработените е регистриран во градинката „Коца Василева” во Битола, но установата нема да биде затворена.
Станува збор за воспитувачка која е во изолација од минатата недела, а превентивните мерки се преземени откако е потврдено дека нејзиниот сопруг бил позитивен на корона.
Во битолската градинка и претходно имаше заразена негувателка, а превентивно и согласно здравствените протоколи, 13 деца беа пуштени дома во изолација, додека објектот е целосно дезинфициран.