Сопругата на починатата кошаркарска легенда Коби Брајант, кој заедно со 13-годишната ќерка Џана на почетокот на 2020 година загина во хеликоптерска несреќа, со ќерките Наталија Бјанка и Капри одморот го поминала во Хрватска.
View this post on Instagram
Друштво ѝ правела пријателката Кетрин Гасол, сопруга на поранешниот НБА играч, и соиграч на Коби од Лејкерс, Шпанецот Пау Гасол, и нивната едногодишна ќерка, Елизабет Џана, која го доби името по загинатата Џана Брајант.
View this post on Instagram
Ванеса Брајант на својот Инстаграм открила дека една од причините за доаѓањето во Хрватска е серијата „Игра на тронови“, која се снимаше во Дубровник, но и откажаното патување на нејзината ќерка. Имено, најстарата ќерка Наталија требала да го види Дубровник минатата година, кога било планирано патување од училиштето, но поради пандемијата на коронавирусот, тоа било откажано.
„Сакав да ѝ овозможам на Наталија да го посети Дубровник. Прекрасно е”, напишала Ванеса на Инстаграм.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм