Вонземскиот камен Умуамуа нѐ шпионира, тврди научник

Дали Умуамуа е дел од астероид или вонземско тело кое ротира, останува предмет на дебата. Лоеб предлага да се распоредат најсовремените камери и телескопи во небото на разни локации, за да се разреши загатката на ННФ еднаш засекогаш.

1,309

Умуамуа, необјаснивиот камен кој минува низ нашиот Сончев систем, можеби е вселенско летало кое вонземјаните го пуштиле да прима сигнали од нивните сензори, смета професор од универзитетот Харвард, пренесува Футуризам. Според Ави Лоеб, античка вонземска цивилизација можно е да поставила сензори по целата планета Земја уште многу одамна, за да испита како е овде, а каменот Умуамуа е само „приемник“ кој ги отчитува мерењата од нивните сензори.

Необјасниви небесни „нешта“






Лоеб дошол до својата „теза“ разгледувајќи го големиот број на видувања на необјасниви нешта во небото. Тие „нешта“ наречени необјасниви небесни феномени(ННФ), или се беспилотни летала на Русија и Кина, како што обично се верува, или може да се вонземјани, размислува Лоеб, кој овие појави во небото ги врзал за каменот Умуамуа.

Откако Умуамуа влезе во нашиот Сончев систем во 2017 година, каменот сè уште е предмет на дебата. Дали е тој дел од астероид, или комета не е познато, но се знае дека тој ротира движејќи се низ вселената. Оваа ротација го навела Лоеб да смета дека неговите пошироки рамни површини можеби содржат опрема која може да ги собере сигналите од кои било скриени сензори или сонди.

ННФ или НЛО, нека кажат научниците, не владата

– Но, наместо едноставно да се прашуваме за можните сценарија, треба да собереме подобри научни податоци и да ја разјасниме природата на ННФ – напиша Лоeб во списанието SciAm.

Лоеб предлага да се распоредат најсовремените камери и телескопи во небото на разни локации, за да се разреши загатката на ННФ еднаш засекогаш.

– Небото не е класифицирано. Само владините сензори се – вели Лоеб, сакајќи да каже дека време е научниците, а не владата на САД да дадат свое мислење за овој феномен.

Поврзани содржини