ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО КАЗАХСТАН Протестите ескалираа во немири
Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан.
Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако протестите ескалираа во немири.
Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан.
Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан – градот Алма Ата, регионот Мангистау и главниот град на земјата Нур Султан.
Демонстранти, вооружени со пушки и гранати ја демолираа претседателската резиденција. Резиденцијата е опожарена, а горат и околни згради, додека полицијата по истрели од огнено оружје ја напуштила зградата.
Прекинат е интернет пристап до телекомуникациските услуги, а интернетот не работи во ниту еден дел од градот.
Казахстан четврти ден по ред е погоден од протести поради поскапувањето на горивата. Протести избија на 2 јануари во градовите во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, а потоа зафатија и други центри.