ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ На 29 јануари ќе се расправа и за доверба на владата

Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.

224

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.

Како што рече, конечниот дневен ред ќе се знае утре.






Таа на ТВ Прва рече дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата.

Брнабиќ рече дека тоа ќе било и порано на дневен ред, но дека опозицијата злоупотребила два потписи.

Поврзани содржини