ВОНБРАЧНИТЕ ИЗЛИВИ НА НЕЖНОСТ ЧУВАЈТЕ ГИ ЗА ДРУГО МЕСТО Колдплеј нема намера да ги пензионира џамботроните на концертите и после скандалот

Фронтменот на Колдплеј (Coldplay), Крис Мартин, изјави дека нема намера да ја укине популарната „џамботрон“ интеракција на концертите, и покрај тоа што неодамна токму овој сегмент предизвика вистински медиумски скандал.

109

Фронтменот на Колдплеј (Coldplay), Крис Мартин, во Кингстон апон Хол, се осврнал на „дебаклот“ за време на турнејата, потврдувајќи дека бендот нема намера да го пензионира џамботронот по случајното разоткривање на извршниот директор на Астрономер, Енди Бајрон, и извршната директорка за човечки ресурси Кристин Кабот, кои присуствуваа заедно на концертот на бендот минатиот месец.

Мартин се осврнал на дебаклот откако прочитал знак од обожаватели на кој пишувало дека досега присуствувале на три концерти, вклучувајќи го и озлогласениот концерт во пошироката област на Бостон со Бајрон и Кабот.






– Бевте на тој концерт во Бостон? Па, добро, ви благодарам што повторно дојдовте по тој дебакл.
Го правиме ова долго време, објаснил Мартин за сегментот со џамботрон, додавајќи: И дури неодамна тоа стана… да. Животот понекогаш ќе ви фрли лимони и мора да направите лимонада. Значи, продолжуваме – сакаме да се дружиме со публиката, тоа е суштината на нашите концерти.

 

Неодамнешниот медиумски скандал започна кога камерата ненадејно улови еден навидум невин момент помеѓу двајца гледачи кој покрена лавина реакции, предизвикувајќи оставки и на двајцата главни протагонисти во скандалот.

Во еден од следните настапи во Висконсин, Мартин повторно ги насмеа фановите со предупредување: „Ќе користиме камери и ќе ве ставиме на големиот екран – ако не сте подготвени, сега е време за шминка!

Но, последен се насмеа „Астрономер“, ангажирајќи ја актерката Гвинет Палтроу – поточно, поранешната сопруга на Крис Мартин – како привремен портпарол на компанијата.

Поврзани содржини