ВОЛКОВЧАНИ МОЖАТ ДА ГИ КАЧАТ ГУМЕНИТЕ ЧИЗМИ НА ТАВАН Популарната „улица 21“ конечно доби асфалт (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој уште во предизборието вети дека ќе ги асфалтира сите улици во општината, си го одржа зборот.

947

Уличката 21 во скопската населба Волково, која во изминативе неколку години стана популарна на социјалните мрежи откако локалните жители почнаа после секој дожд да објавуваат фотографии и видеа на кои се доловуваат сите нејзини дупки, кратери, вирови, езера и жабокречини, денеска конечно доби асфалт.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој уште во предизборието вети дека ќе ги асфалтира сите улици во општината, си го одржа зборот.






„Денеска екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Градот Скопје ја завршуваат реконструкцијата на улицата 21 во населеното место Волково во општина Ѓорче Петров. Се асфалтира површина од околу 700 квадратни метри, со должина на улицата од 200 метри и широчина од 3,50 метри. Во изминатиот период во ова населено место беа асфалтирани ул. 3, ул.бб и улица бр.73. Екипите по налог на Град Скопје ги продолжуваат градежните активности од утре на улица 23 во населеното место Волково“, напиша Стојкоски на Фејсбук.

За да имате претстава каков децениски проблем е решен денеска со асфалтирањето на улица 21, погледнете го видеото направено во 2018 година:

Поврзани содржини