ВОЛКОВЧАНЕЦ САКАЛ БРЗО ДА СЕ ЗБОГАТИ Превезувал мигранти, ама го фатила полицијата

Мигрантите биле сместени во прифатно - транзитен центар. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

177

Полициски службеници од Полициското одделение за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Г. од скопското село Волково. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал тој, биле пронајдени шест лица мигранти. Три лица од Пакистан, две од Сирија и едно од Египет, се наведува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.

„Претходно, во 20.30 часот, возилото било забележано на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, но не застанало на даден знак за запирање. Откако стигнало во Криволак, возачот и мигрантите се обиделе да побегнат, но биле фатени“, се појаснува во соопштението.






Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини