Водовод и канализација: Договор за плаќање долг на рати може да се склучи до 31 јули

Оттаму ги повикуваат корисниците на нивните услуги  кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање.

474

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека можноста на плаќање на долгот на граѓаните и фирмите на рата истекува на 31 јули.

Од Водовод информираат дека до сега 370 корисници ја искористија можноста за склучување на договори за исплата на долговите на рати без камата.






– Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е околу 24.000.000 денари – велат од Водовод.

Оттаму ги повикуваат корисниците на нивните услуги  кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката преставува да важи.-

– Истовремено, при посета на нашите канцеларии повикувамеграѓаните да ги почитуваат мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете – додаваат од Водовод и канализација..

За  дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација треба да се користат телефоните  02 3073 010 на Дежурниот информативен центар и  02 3240 300 на дирекцијата како и  на
[email protected] , www.vodovod-skopje.com.mk  и www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Поврзани содржини